УЈП го продолжи рокот на барањата за финансиска помош на погодените од корона кризата

438

УЈП вечерва информира дека рокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка се продолжува до 12 ноември.

 

„Согласно Законот  за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза  предизвикана од вирусот ковид-19 , заради  исплата  на платите за месеците  октомври , ноември и декември  2020 година, и Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец“, вели УЈП.






УЈП вели дека поради подоцнежна објава во Службен весник на РСМ на правилниците кои се основа за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и  БФС-СВД/2  на веб платформата на УЈП, како и поради нивно масовно поднесување веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот,  рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година.

Поврзани содржини