УЈП го објави барањето за исплата на плати од петтиот пакет мерки
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци најдоцна до 30 април 2021.
Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците за февруари и март 2021 година „образец БФП-ИП/3“ е поставено на платформата на УЈП е-даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk/), информираат од Управата за јавни приходи.
– Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци најдоцна до 30 април 2021, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на доставувањето на барањето – посочуваат од УЈП.
За остварување на правото работодавачот поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи, врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за февруари и март 2021 година („Службен весник на РСМ“, бр. 85/2021).
– Начинот на пополнување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година (образец БФП-ИП/3) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување – додаваат од УЈП.