УЈП ГИ ДЕМАНТИРА НАВОДИТЕ НА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ Со лажни информации се манипулира со јавноста

Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО - ДПМНЕ, во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем - се посочува во соопштението од УЈП.

256

Управата за јавни приходи ги демантира новодите на ВМРО-ДПМНЕ за работата на УЈП и за постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем.

– Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО – ДПМНЕ, во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем – се посочува во соопштението од УЈП.

Од Управата наведуваат дека изнесувањето неточни и лажни информации од страна на ВМРО – ДПМНЕ со кои „се манипулира и доведува во заблуда јавноста“, нанесува штета на работењето на УЈП.

– Институциите како и досега за сите случаи постапуваат согласно своите надлежности, и тоа го прават во интерес на граѓаните. Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи официјалните информациите кои доаѓаат директно од институциите – наведуваат од УЈП.

Поврзани содржини