Њујорк Тајмс: Колку има починати од ковид-19? Не прашувајте го Трамп!

Сепак, претседателот Трамп и некои високи членови на владата се чини дека се сомневаат дека бројот на починати од ковид-19 е поголем.

872

Претседателот на САД, Доналд Трамп изрази скептицизам во врска со бројот на починати од коронавирусот, што му го соопштиле неговите експерти, напиша „Њујорк Тајмс“ во едиторијалот, истакнувајќи дека во последните недели Трамп изрази незадоволство од бројот на пријавени смртни случаи од ковид-19.

Бројот на починати, без сомневање, предизвикува загриженост: има повеќе од 85.000 смртни случаи поврзани со коронавирус и 1,4 милиони заболени во САД. Сепак, многу експерти за јавно здравје, вклучително и администрацијата на Трамп, велат дека не се броени сите смртни случаи и заболени.






Сепак, претседателот Трамп и некои високи членови на владата се чини дека се сомневаат дека бројот на починати од ковид-19 е поголем.

Дебатата за точноста на податоците дадени од Центрите за контрола и превенција на болести стана толку жешка тема за Белата куќа што специјалниот тим за борба против коронавирусот го преиспитува бројот на смртни случаи како дел од „поголема проверка за прашања поврзани со квалитетот на податоците“, изјави владин претставник за „Њујорк Тајмс“.

Белата куќа мора да ја направи оваа проверка транспарентна и да открие доколку има претходно направени пропусти. Да се ​​знае колку Американци умреле од оваа болест е од витално значење за организирање на соодветна реакција.

Како и многу други проблеми со пандемијата, прашањето за смртните случаи предизвика сомневање во јавноста и спротивставување на партиите.

Поврзани содржини