Њујорк со закон ќе ѝ ги открие полициските дисциплински записи на јавноста

307

Пратениците во државата Њујорк усвоија предлог за укинување на повеќедеценискиот закон што ги штити полициските дисциплински записи од јавноста.

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, најави дека наскоро ќе го потпише предлогот со што тој ќе стане закон.






Законот е дел од пакетот мерки за реформа на полицијата, која ја почнаа сенаторите во Олбани оваа недела, во време на протестите низ целата земја поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициско апсење.

Завчера беше усвоена забрана за задушување на лицата што се апсат.

– Законот што ќе се донесе наредните денови ќе помогне да се запрат лошите сторители и да се испрати јасна порака дека бруталноста, расизмот и неоправданите убиства нема да се толерираат – изјави лидерката на мнозинството во Сенатот, Андреа Стујарт-Казинс.

Од друга страна, полициските синдикати во Њујорк оценија дека законот е напад врз полицијата.

Поврзани содржини