Њујорк планира со УВ светлина да го уништува коронавирусот во јавниот превоз

530

Агенцијата задолжена за јавен превоз во Њујорк најавила пилот проект кој со помош на лампа со ултравиолетово светло ќе се обиде да го уништи коронавирусот во автобусите и во возовите.

Сообраќајната управа на градот (МТА) вчера соопштила дека ќе тестира 150 мобилни уреди стартап PURO Lighting за да ја процени делотворноста и исплатливоста на УВЦ светлината, една од трите видови УВ спектар, пишува CNN.






Според наводите на компанијата Puro, УВ-Ц го елиминира ковид-19 и исклучително е ефикасен при уништување на вируси и бактерии. PURO напоменува дека нивните лампи исто така имаат УВ-А и УВ-Б светло за да се постигне дезинфекција при полн спектар. Единицата ги дезинфицира површинските и воздушните патогени и отстранува од 99, 9 отсто вируси и бактерии, наведува PURO Lighting.

Во првата фаза светлата ќе бидат поставени идната недела во подземната железница и во автобусите. Ако резултатите бидат добри, МТА во втората фаза УВ-Ц светлата ќе ги постави и во возовите.

Светилките ќе се палат ноќе или во периодот кога не работи превозот.

– Ова е прв таков пилот проект на транспортните агенции во светот и горди сме што сме дел од тој проект – вели Патрик Фоје, главен на МИТ и додава дека го анжирале биофизичарот Давид Бренар, директор на Центарот за радиолошки истражувања на Универзитетот Колумбија, да го испита дејствувањето на лампите.

Поврзани содржини