Њујорк: Градот кој никогаш не спие, потонал во длабок сон (ВИДЕО)
Многу улици се скоро празни и тивки, парковите и плоштадите се празни, а во вагоните на метрото, кои вообичаено се преполни со луѓе, сега нема никој.
Снимките од дронови покажуваат колку многу се променил Њујорк заради сите преземени мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус.
Многу улици се скоро празни и тивки, парковите и плоштадите се празни, а во вагоните на метрото, кои вообичаено се преполни со луѓе, сега нема никој.
Снимките ги коментира Сара Хенри, една од кураторите во Градскиот музеј.
– Њујорк се нарекува на многу различни начини, некои го нарекуваат „град кој никогаш не спие“, но во моментов луѓето сметаат дека „градот кој никогаш не спие, потонал во длабок сон – вели таа.