Њујорк ги отвора рестораните и ги враќа културните настани

319

Гувернерот на Њујорк го претставил планот за заживување на уметничката сцена и изјавил дека затворените простори во рестораните ќе се отворат порано од најавеното.

Потегот за промоција на театрите и музиката ширум сојузната држава, познат како Њујорк Попс Ап, се случи откако мерките против ширењето на коронавирусот покажале успех и затоа што бројни изведувачи од Бродвеј и други не работат уште од минатата година.






– Кога ќе го затворите Бродвеј, кога ќе ги затворите кината, вие ја запирате цела индустрија – изјавил Куомо на брифинг за медиуми.

Сите разбираат зошто, ама сега мора да ја негуваме таа индустрија за да ја вратиме, додал Куомо.

Прво од 300 уметнички настани во 100 дена на распоредот е за 20 февруари во конгресниот центар на Менхетен со посебен настап за здравствените работници.

Поврзани содржини