„У-А СУДИЈА“ ОДИ ВО ИСТОРИЈА Строги ќе бидат казните за приговори и симулирање

Такви сцени не сакаме да гледаме на натпреварите - изјави шефот на судиската организација во УЕФА Роберто Росети.

223

УЕФА ги повика фудбалските судии пред вечерашниот почеток на групната фаза во европските клупски натпреварувања построго да реагираат при приговори од фудбалерите на судиските одлуки и симулирање на теренот.

– Такви сцени не сакаме да гледаме на натпреварите – изјави шефот на судиската организација во УЕФА Роберто Росети.






– Мораме да го чуваме својот углед бидејќи одредени облици на однесување на теренот и на клупата се непримерни – додаде Росети.

Тој најави дека судиите ќе ги санкционираат со картони фудбалерите кои театрално симулираат прекршок, а построго ќе се казнува и повлекување на противнички играч за дресот.

– Тоа едноставно не е спортски – додаде првиот човек на судиската организација во УЕФА.

Поврзани содржини