Тврдеше дека ковид-19 е казна од Бог поради хомосексуалноста, а сега и тој е позитивен

Минатиот месец Личман изјави дека коронавирусот е божја казна поради хомосексуалноста.

885

Израелскиот министер за здравство, Јаков Личман, е позитивен на коронавирусот, како и неговата сопруга Чава.

Во службеното соопштение се наведува дека двајцата имаат благи симптоми, но поради позитивниот тест кај двајцата сопружници, сега во самоизолација е ставен поголем дел од израелската влада, вклучуајќи го и премиерот Бенџамин Нетанјаху.






Минатиот месец Личман изјави дека коронавирусот е божја казна поради хомосексуалноста.

Тој сега најави дека ќе продолжи да работи од дома, но како што пишуваат локалните медиуми, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Имено, Личман досега никогаш не се служел со компјутер или со други дигитални апарати, па сега за првпат во животот ќе мора да користи Интернет за да може да ги извршува своите должности.

Поврзани содржини