Творецот на отровот „новичок“ му се извини на отруениот Навални
Му го нудам своето длабоко извинување на Навални поради тоа што учествував во оваа криминална работа, создавајќи ја супстанцата со која е отруен - изјавил Мирзајанов, кој сега живее во Америка.
Вил Мирзајанов е еден од научниците кои учествувале во тајниот советски програм за создавање на нервниот отров „новичок“, а тој сега дополнително ѝ стана познат на јавноста, бидејќи јавно му се извини на рускиот опозициски лидер Алексен Навалник, кој беше отруен со оваа супстанца, пишува „The Moscow Times“.
Научникот минатата сабота истакнал дека сака да му се извини на Навални откако Германија пронашла докази дека бил отруен со „новичок“.
– Навални ќе мора да биде трпелив, но би требало на крајот да биде здрав – рекол Мирзајанов и додал дека закрепнувањето би можело да трае до една година.
Тој, исто така, смета дека самото создавање на отровот е еднакво со правење криминал.
– Му го нудам своето длабоко извинување на Навални поради тоа што учествував во оваа криминална работа, создавајќи ја супстанцата со која е отруен – изјавил Мирзајанов, кој сега живее во Америка.