Твитер забрани и видео на Бајден со девојчиња

Снимката е направена во 2015 година, за време на свечената заклетва на новите конгресмени, родители на девојчињата што може да се видат на видеото, пренесува порталот Риклем д нет (Reclaim the net).

228

Твитер принуди еден од своите корисници да избрише видео на кое е кандидатот за претседател на САД Џо Бајден со неколку девојчиња.

Снимката е направена во 2015 година, за време на свечената заклетва на новите конгресмени, родители на девојчињата што може да се видат на видеото, пренесува порталот Риклем д нет (Reclaim the net).






Корисникот на Твитер Џејк Кениг се изненадил кога неговиот налог на Твитер беил заклучен откако се обидел да го објави клипот и откако му било кажано да не го објавува на таа социјална мрежа.

Блокирањето на твитот доведе до нови обвинувања кон компанијата за цензура на објави, мимови и веб-страници кои го критикуваат Бајден и демократската кандидатка за потпретседател на САД, Камала Харис.

Поврзани содржини