Твитер воведува ознаки за владини профили и некои медиуми

Твитер во текот на изминатата година избриша лажни налози на оваа мрежа, сè со цел да се зголеми транспарентноста и вистинитоста на мрежата.

182

Твитер ќе ја прошири употребата на ознаки за идентификување на владини налози и медиуми поврзани со државата, со цел да се зголеми транспарентноста, соопшти компанијата.

Платформата на социјалните медиуми е под интензивен притисок да се бори против дезинформациите и да ја разјасни својата политика за владините налози, особено по воведената трајна забрана за поранешниот американски претседател Доналд Трамп.






Сепак, налозите што се верификувани нема да бидат засегнати од новите правила.

Твитер во текот на изминатата година избриша лажни налози на оваа мрежа, сè со цел да се зголеми транспарентноста и вистинитоста на мрежата.

– Наша примарна цел е да им овозможиме на корисниците, каде било во светот, да имаат повеќе информации за твитовите кои ги гледаат, како и за луѓето што ги пишуваат. Не станува збор за промена на начинот на однесување на влади на различни земји – изјави директорот на Твитер, Ник Пиклс.

Поврзани содржини