Твитер воведува анти-лајк копче во коментарите
Новиот систем не е за „мразење“ луѓе, туку за објави, објаснуваат од Твитер во истата своја најава. Со самото тоа што вашите анти-лајкови нема да бидат прикажувани јавно, ќе се спречи негативната енергија и недоразбирања и тие само ќе влијаат на тоа што вие ќе гледате на вашиот профил, а не на популарноста на самиот пост или неговите коментари.
Палец нагоре или палец надолу ќе можете да ставите за кој било коментар на Твитер, наместо досегашното срце, а со тоа компанијата ќе одредува кои од коментарите во еден разгoвор ќе ви ги прикаже први во постот, јавува Мондо. Новата опција засега се тестира само кај iOS корисниците на Мобилните уреди „ајфон“, но ќе биде достапна и за андроид.
Вашите анти-лајкови нема да бидат јавно прикажувани, но ќе го намалат бројот на лајкови на коментарот на кој сте му стегнале палец надоле. Твитер вчера ги информираше корисниците на iOS дека можно е да им се појави оваа опција, во форма на палци, или пак на стрелка нагоре и стрелка надолu, како два можни дизајнa меѓу кои ќе се одлучува.
Еве како изгледа тоа.
Some of you on iOS may see different options to up or down vote on replies. We’re testing this to understand the types of replies you find relevant in a convo, so we can work on ways to show more of them.
Your downvotes aren’t public, while your upvotes will be shown as likes. pic.twitter.com/hrBfrKQdcY
— Twitter Support (@TwitterSupport) July 21, 2021
Не лајкувате луѓе, туку објави
Новиот систем не е за „мразење“ луѓе, туку за објави, објаснуваат од Твитер во истата своја најава. Со самото тоа што вашите анти-лајкови нема да бидат прикажувани јавно, ќе се спречи негативната енергија и недоразбирања и тие само ќе влијаат на тоа што вие ќе гледате на вашиот профил, а не на популарноста на самиот пост или неговите коментари.
Доколку сепак не ја добиете оваа опција во скоро време, запомнете дека Твитер има опција за блокирање, прикажување помалку или опција да го „замолчите“ некој што моментално не ви се допаѓа.
Еве како да го направите „замолчувањето“.
Кој сака уште опции, ќе плаќа 3 долари месечно
Twitter Blue или Син Твитер, ќе се вика опцијата да се претплатите за да можете одеднаш да ги бришете непосакуваните објави со Undo Tweets. Претплатата ќе биде на повеќе нивоа, со повеќе и повеќе опции. Во минатиот период Твитер додаде нови опции како што е Space, соба за видеоконференции, како и опцијата да можете да прикачувате или симнувате фотографии во 4К резолуција, односно со 4.096×4.096 пиксели.