ТВИТЕР СТАНА „ЦИЦКА“ Маск го измалтериса „в“-то на знакот на зградата

Сопственикот на зградата неодамна го тужеше Маск дека не платил кирија од околу 3,4 милиони долари за декември и за јануари.

350

Неколку дена по ред Илон Маск, познатиот милијардер, го нарекува Твитер како Титер, без „в“. Тој наредил и буквата да се обои со бело на знакот на зградата на компанијата, пишува БизнисИнсајдер. Во сопствен пост Маск објасни дека сопственикот на зградата, во која Твитер рента канцеларии, им рекол дека „в“-то законски не може да биде отстрането.

Сопственикот на зградата, SRI Nine Market Square LLC, уште не одговорил на прашањето на Бизнис Инсајдер зошто првичната промена е неприфатлива и дали ќе биде дозволена новата, обоена ознака.






Сопственикот неодамна го тужеше Маск дека не платил кирија од околу 3,4 милиони долари за декември и за јануари.

 

Името „Титер“ е во етерот уште од минатиот четврток кога претприемачот и програмер Вилијам ЛеГејт објави на Твитер слика од знакот, на кој „в“ беше избелено.

Колоквијално зборот „тит“ на англиски значи женска дојка, што ја прави одлуката на Маск контроверзна.

Не му е првпат на богатиот милијардер да се меша во изгледот на Твитер. Минатата недела, тој на кратко, го замени логото со сината птичка со сликичка од неговото кученце Шиба Ину. Сликата е воедно и маскота за логото на криптовалутата Догикоин која рипна за цели 20 отсто по оваа краткотрајна промена на Твитер.

Маск направи неколку драстични промени во седиштето на компанијата во Сан Франциско откако ја презеде. Во јануари, тој се обиде да продаде стотици работи од канцеларијата за да го зголеми приходот за Твитер, како кујнски апарати, скулптури на Твитер, мебел, па дури и растенијата од канцелариите.

Во декември, Твитер ги намали хигиенските услуги во седиштето, принудувајќи ги вработените да си донесат сопствена тоалетна хартија до канцеларијата.

Поврзани содржини