Твитер-реакции за полицискиот час: „Уште малку ќе направат по сопствен избор да си поседуваме дома“
Ако вирусот остане со намалена преносливост, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, изјави пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче, а некои медиуми веќе објавија дека Комисијата за заразни болести наводно ќе предложи полицискиот час од 15 јуни да трае од 1 до 4 часот.
Еве што мислат твитерџиите:
Комисијата предложила полицискиот час да трае од 01 до 04 часот…
У реду е, следниот пат направете го да трае од 03:30 до 04:00 часот.
И онака веќе сме најкомичната земја во свет!
— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) June 7, 2021
Бил да фрли ѓубре во 02:16 минути при што заработил казна за непочитување на полицискиот час од 02:15 до 02:17.
— Бапчо (@TheFitzzz) June 7, 2021
Мислам дека полицискиот час треба да го направат да трае еден час. Пошто и онака е симболична мерка, вака ќе биде уште појако, полициски час у буквална смисла на зборот. Од 03 до 04 е океј.
— Руи (@riste_g) June 7, 2021
Чекај сеа од 15ти коа ќе биде од 1 полицискиот ќе ја уништиме короната. На секои две недели по еден саат ќе го кратат, таман таму негде 15 август ќе го тргнат 🤪🤪🤪
— Oberkommando der Marine (@propatriamorir) June 7, 2021
Со 1 (читај еден) новозаразен имаме мерки и полициски час, а пред 6 месеци со 600 на ден новозаразени немаше никакви мерки.
Има ли пилот во авионот?— Интегрален (@Santimo22052092) June 7, 2021
Полициски час од 01 до 04 и пандемијата го прогласувам за мртво.
Кој ви ги дава идеиве бе токмаци едни.— Ебачот од Долно Дупени (@boni99943) June 7, 2021
На крај ќе биде и полициски час по сопствен избор, кога тебе ти одговара да поседиш дома.
— Delboymkd (@delboymkd) June 6, 2021