Твитер-реакции за амандманите на опозицијата: „Некој нема пари јајца да си купи“

876

Пратениците кои се позитивни на ковид-19 при онлајн вклучување на седница на Собранието, пред камерите задолжително да имаат бојадисано јајце. Пратеникот кој поради ковид-19 ќе работи онлајн од дома, да не биде облечен во џемпер, ниту, пак, капа на главата, бидејќи така го нарушува дигнитетот и угледот на Собранието. Пратеникот при вклучување на работа од далечина да не биде облечен во автомеханичарска облека.

Ова се само некои од амандманите ги доставила опозицијата до Собранието за измените на Деловникот за онлајн работа на Парламентот за пратениците кои се заболени од ковид-19 и тие кои се во изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.






Но, еве што мислат твитерџиите за ваквиот потег:

Поврзани содржини