ТВИТЕР ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ОД ВРЕДНОСТ Ќе се остварат ли очекувањата на Маск за десеткратно зголемување на вредноста на акциите?

Големата девалвација на вредноста на компанијата следеше по турбулентното преземање на Маск. Неколку големи огласувачи ја напуштија платформата, а главниот извор на средства за купување на компанијата од страна на Маск, инвестициската компанија „Фиделити“ ја намали вредноста на својот удел за 56 отсто.

79

Tвитер изгуби повеќе од половина од својата вредност во измиатите 6 месеци, откако Илон Маск ја презеде сопственоста на компанијата. Маск во допис до вработените информира дека Tвитер сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари.

Милијардерот го купи Твитер во октомври лани  за 44 милијарди долари.






Големата девалвација на вредноста на компанијата следеше по турбулентното преземање на Маск. Неколку големи огласувачи ја напуштија платформата, а главниот извор на средства за купување на компанијата од страна на Маск, инвестициската компанија „Фиделити“ ја намали вредноста на својот удел за 56 отсто.

Според бројките што ги претстави Маск во декември, бројот на вработени е намален од околу 7.500 на околу 2.000 вработени.

– Гледам јасен, но тежок пат до проценување (на вредноста) на повеќе од 250 милијарди долари – рече Маск, што би значело десеткратно зголемување на вредноста на акциите.

Поврзани содржини