Твитерџиите се убедени дека во ова видео, Меланија покажала што мисли за Иванка Трамп (ВИДЕО)

Додека Иванка и се приближуваше, Меланија широко се насмевна, но штом таа помина, следуваше нејзиниот израз.

3,463

Снимката што го покажува изразот на лицето на Меланија Трамп кога Иванка Трамп, ќерката на нејзиниот сопруг, помина покрај неа, почна да се шири на социјалните медиуми, а некои твитерџии заклучија дека е очигледно дека Меланија не може да ја поднесе Иванка.

Дел од снимката направена на сцената на Републиканската национална конвенција овој четврток, на која беше снимен присилниот поздрав што Меланија го испрати до Иванка, се споделува на социјалните мрежи.






Додека Иванка и се приближуваше, Меланија широко се насмевна, но штом таа помина, следуваше нејзиниот израз.

Корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија оваа интеракција.

„Изгледа дека Меланија не ја сака Иванка“.

 

„Дали Меланија ги преврте очите кон Иванка?“

 

„Гледам дека Меланија и Иванка не се сакаат многу“.

 

Ова не е прв пат да се спомене ривалството меѓу Меланија и Иванка, пишува „Дејли Мејл“. Двете никогаш не организирале никаква иницијатива или настан заедно, и ретко се гледаат заедно во јавноста.

Поврзани содржини