Твитерџиите му се налутија на Пендаровски: Претседателе, го збунивте Вартоломеј, кој знае чија земја и црква ќе прими?!

5,301
Претседателе, на луѓево што сте им пратиле честитка од „нашата земја” и да ја примат „нашата” црква ги имате збунето 100 отсто. Кој знае чија земја и црква ќе примат, пишуваат граѓани на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, откако денеска претседателот Стево Пендаровски објави писмо до патријархот Вартоломеј во кое побара вселенскиот патријарх да го искористи негово „апелационо право“  за афтокефалност на Македонската православна црква. Во писмото Пендаровски не споменува македонски народ, македонска држава или Македонска православна црква, а го испратил по повод почетокот на Новата црковна година.





„Претседателе, се прашувам дали на архиепископот, од ова ваше обраќање ќе му биде јасно, во име на која држава се обраќате, со оглед дека не е наведено и за која црква станува збор!“, пишуваат граѓаните на Фејсбук.

Слични реакции имаше и на роденденот на АРМ на 18 август, кога граѓаните ја коментираа честитката на претседателот до Армијата.

Поврзани содржини