Твитер гори поради повторното воведување на полициски час
Посебно интересно за твитерџиите дека вирусот „спие“ до 22 часот, а потоа е активен и може да предизвика зголемување на бројот на заболени.
Информацијата за предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 до 05 часот на целата територија на државата, а кој треба денеска да биде разгледан од страна на владата, предизвика бруна реакција на социјалната мрежа Твитер.
Посебно интересно за твитерџиите дека вирусот „спие“ до 22 часот, а потоа е активен и може да предизвика зголемување на бројот на заболени, но има и такви кои го поддржуват, а како причина ги наведуваат масовните собирања во домовите, парковите и на други места каде што не се почитуваат никакви препораки за спречување на ширењето на ковид-19
– Прво полициски час од 22:00-05:00, па од 19:00, па од 16:00 за на крај да заврши и со викенди и за Велигден и Први мај full lock down! … се само дел од коментарите.
🇲🇰Затварање од 18ч – нема вакцини
🇲🇰Затварање за викенд – нема вакцини
🇲🇰Работа на угостителите до 18ч – нема вакцини
🇲🇰Работа на угостителите до 21ч – нема вакцини
🇲🇰Полициски час од 22ч – нема вакцини
NAROTOT E KRIF!— Персона нон Плата (@bojankuk) March 9, 2021
Полициски час,а се спремаат за попис!
Маски на отворено,а во кафулиња не мора маска!
Забрането одење на гробишта,а дозволени концерти на Петар Грашо,Владо Георгиев!
Кафулиња да работат до 21h,а казина цела ноќ!
Ваучери за туризам,а забрана за гости!Има ли оваа влада 3 чисти?!!!
— СПЕЦијализанT ✍📚📖 (@specijalizantot) March 9, 2021
#ДоброУтро, ден пред нелогичниот полициски час.
— AnaStevano (@StevanoAna) March 9, 2021
Кафичи и ресторани работат до 9.
Полициски час од 10.
Маски се носат на отворено, во затворени локали не мора.
Дали има барем една логика во сиве овие закони??
Барем една!— Поглиачи (@SmoothManMk) March 8, 2021
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири ноќва ќе ја помине работно , за да можат да се исштампаат 300.000 дозволи за движење за време полициски час 😎
— Тотошка😎 (@totoskata) March 8, 2021
Не се сложувам за воведување полициски час од 22 до 5 часот наутро. Зошто? Затоа што во тоа време секако е штама по улиците. Додека има собирање дење по угостителски објекти каде маските магично ги снемува и растојанието меѓу луѓето се намалува како да е Covid-free zone, џабе е.
— Нароз Волокин (@zorbital) March 8, 2021
Полициски час од 22-05ч
Од 08 до 21 во кафаните 👇 pic.twitter.com/9Zm7BT3uvO
— Dimitar P. (@Dmee82) March 8, 2021
И како треба полициски час да ги натера да не се групираат? Ако било што, само ќе ги натера вили да изнајмат, бидејќи, нели, не планират дома да седат како глувци затворени. Еден од екстра-моронските потези, у 2021 на отворени кафани до 9 да стаеш полициски. Екстра моронски
— [redacted] (@illusi0n____) March 9, 2021
Преку таквото ми е од полициски час и се ради несовесни глупаци шо не почитуваат мерки, дремат по кафичи, кафани……сите да се заразите, племето да ви го ебам..😷😷😷
— Црнокоса🌶 (@_diamond_66) March 9, 2021
Кликни ако не ти е јасно зошто полициски час 22:00-05:00
P.S. Во парк е бетер pic.twitter.com/eWKUaaPx6C— Alpharius (@TheLastPrimarch) March 8, 2021
Проблемот со кафичи го решава мерка. Проблемот со собирање на тротоари, паркови и сл, кога више полицијата не може, решава полициски час
— Alpharius (@TheLastPrimarch) March 9, 2021