ТУЖБАТА ЗА КЛЕВЕТА НЕМА ДА ГО ИСПЕРЕ ЗАЕВ Петрушевски е подготвен да се соочи со поранешниот премиер

Јас стојам зад секој јавно изнесен збор и подготвен сум аргументите со Заев да ги соочат пред судот и пред јавноста, рече пратеникот Петрушевски.

88

Тужбата за клевета нема да го испере Зоран Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон. Јас стојам зад секој јавно изнесен збор и подготвен сум аргументите со Заев да ги соочат пред судот и пред јавноста. Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината. Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер, ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што кои ја интересираат јавноста“, рече тој и нагласи дека вистината секогаш излегува на виделина.






Поранешниот премиер Зоран Заев денеска соопшти дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и кардиохирургот д-р Жан Митрев, сопственик и управител на „Жан Митрев Клиник“.

Тужбите ги поднел до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари.

ЗОРАН ЗАЕВ ГИ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ И ЖАН МИТРЕВ Бара отштета од милион денари

 

Поврзани содржини