Тутунот се откупува, притисокот е на Второстепената комисија

Според Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, сите се постојано на теренот, кај откупните пунктови.

252

Откупот на тутунот продолжува непречено и има мало подобрување на линијата, а притисокот сега е најголем на Второстепената комисија каде пристигнуваат голем број приговори, констатираа денеска од Земјоделскиот инспекторат, од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп и од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, сите се постојано на теренот, кај откупните пунктови.






– Го следиме постојано текот на откупот. Има незадоволни тутунари, има оспорувања. Второстепената комисија денеска беше во Долненско, ги проверуваме приговорите и незадоволствата. Но, мора да кажеме има и случаи каде тутунарите имаат влажен тутун, па го повлекуваат за да се исуши. Но, ја повикуваме Второстепената комисија на теренот активно да ги решава случаите на оспорување на откупот – ни рече Пачешкоски.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија смета дека упорноста за буден надзор за реален откуп ќе даде резултати.

– И ние, заедно со Иницијативниот одбор на тутунарите сме постојано на теренот. Има оспорувања на откупот. Ако сме упорни и го продолжиме притисокот за реален откуп, ќе може да се подобри ситуацијата. Има благо придвижување, а ние нема да дозволиме тутунарите да бидат оштетени – вели Стомнароски.

Како што информира Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат само вчера се достасани нови 40 приговори, што заедно со претходните над 100 во овој откуп, досега не е забележано. Откупени се близу 3,000 од реколтата од над 23.000 тони тутун.

За утре, претставниците на тутунарите, најавија средба со премиерот Зоран Заев.

Поврзани содржини