ТУТУНАРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ СУБВЕНЦИИ За втора класа по 3 денари за килограм, а за трета и четврта класа по 16 денари

Исплатата на парите ќе почне од утре преку Генералниот секретаријат на владата.

236
Вкупно 19.060 тутунари ќе добијат по уште 3 денари по килограм произведен и предаден тутун од втора класа и 16 денари по килограм од трета и четврта класа.  Исплатата на парите ќе почне од утре преку Генералниот секретаријат на владата.
За оваа намена, како што информираа од Владата се предвидени 300 милиони денари од пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од ковид-19.
-На сметките на производителите на тутун веќе од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини. Се работи за поддршка од 3 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа – информира прес службата на Владата.

На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува 2 милијарди денари.

Поврзани содржини