ТУСК БЕСНЕЕЛ ПО УЛИЦИТЕ Лидерот на опозицијата останал без возачка дозвола

Полицијата вчера во утринските часови го запрела Туск бидејќи во населено место возел со брзина од 107 километри на час. Тој е казнет со 500 злоти (речиси 65 евра), тримесечно одземање на возачката дозвола и 10 казнени поени (од можни 24).

425

Лидерот на полската опозиција и поранешен претседател на Европскиот совет Доналд Туск остана без возачка дозвола поради пребрзо возење.

Полицијата вчера во утринските часови го запрела Туск бидејќи во населено место возел со брзина од 107 километри на час. Тој е казнет со 500 злоти (речиси 65 евра), тримесечно одземање на возачката дозвола и 10 казнени поени (од можни 24).






Туск на Твитер објави дека казната е соодветна и дека ја прифатил без дискусија. Поранешниот претседател на Европскиот совет сега е лидер на најголемата опозициска партија во Полска, Граѓанската платформа.

Поврзани содржини