ТУРСКИТЕ СИЛИ УБИЈА 184 ЛУЃЕ ВО СИРИЈА И ИРАК Турскиот министер ги нарече жртвите терористи
Русија ја повикува Турција да покаже воздржаност и да спречи понатамошна ескалација во Сирија, изјави денеска на прес-конференција претставникот на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.
Турските оружени сили убиле 184 луѓе во дводневната воздушна операција „Канџа-меч” спроведена во северните делови на Сирија и на Ирак, соопшти турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.
– Од почетокот на операцијата со помош на авиони и поддршка од земја, убиени се 184 терористи. Според нашите проценки, таа бројка ќе расте. Ќе ја продолжиме борбата додека не биде уништен и последниот терорист – рече Акар.
Ноќта на 20 ноември турската армија ја покрена оружената акција „Канџа-меч” во која беа ангажирани и повеќе од 50 борбени авиони, како и дваесеттна беспилотни летала.
Русија ја повикува Турција да покаже воздржаност и да спречи понатамошна ескалација во Сирија, изјави денеска на прес-конференција претставникот на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.
– Ги повикуваме нашите турски колеги да покажат одредена воздржаност за да се спречи ескалација на тензиите, не само во северниот и североисточниот дел на Сирија, туку и во целата земја. Сметаме дека треба да продолжиме да работиме со сите заинтересирани страни и да се обидеме да најдеме вистински решенија, вклучително и за така нареченото курдско прашање – истакна Лаврентиев.
Осомничените за овој напад во Истанбул признаа дека се поврзани со Курдиската работничка партија (ПКК), чии активности се забранети во Турција.