Кристина Озтурк (24) од Батуми и нејзиниот сопруг, милионерот Галип (57), неодамна се најдоа на светските насловни страници бидејќи за нешто повеќе од една година ќе добија 21 бебе преку сурогат-мајки на кои потрошија 168.000 евра. Кристина рекла дека сака да има 105 бебиња.
Нивното семејство постојано се шири. Турскиот претприемач Галип веќе има 30 деца. Тој има девет деца од мината врска со партнерката која е 10 години постара од Кристина.
View this post on Instagram
– Всушност, веќе имам девет деца, но сите тие живеат и работат во Турција. Моето најмладо дете има 12 години, а најстарото 34 години. Дури и мојот 12-годишен син работи, продава зеленчук и јајца. Моите деца ми помагаат во управувањето со фирмите. Со текот на времето, стануваат сѐ подобри во својата работа. Сите работат – откри Галип во интервјуто за „Форбс“ минатата година.
Кристина, која е по потекло од Русија, го запознала Галипа кога го посетила Батуми. Како и Галип, и таа има дете од претходната врска – ќерката Викторија (6) која живее со нив.
View this post on Instagram
Галип и Кристина го добија своето прво бебе преку сурогат-мајка во март минатата година – и оттогаш не престанале.
– За ова сонував уште од детството. Мојот сопруг исто така сонуваше за големо, среќно семејство. Така што, откако се запознавме, започнавме да го остваруваме нашиот сон – рече Кристина.
Парот има 16 дадилки со полно работно време, а дадилките имаат плата од 500 евра месечно. Бебиња се Викторија (9), Мустафа (15 м), Маријам (14 м), Ирене (14 м), Ајрин (14 м), Алиса (14 м), Хасан (13 м), Џуди (13), Харпер 12 м), Тереза (12 м), Хусеин (12 м), Ана (11 м), Изабела (11 м), Исмаил (10 м), Мехмет (10 м), Ахмет (10 м), Али (9 м), Кристина ( 9 м), Сара (8 м), Локман (8 м), Галип (7 м) и Оливија (5 м), пишува „Сан“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм