ТУРСКИОТ ХОТЕЛ СЕ ЗАПАЛИЛ ПОРАДИ ГРЕШКА НА КУЈНСКИОТ ПЕРСОНАЛ Вработените во паника го гаснеле пожарот со вода наместо со противпожарен апарат

Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната, а потоа и на горните катови на хотелот.

305

Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, ги објавија денеска турските медиуми резултатите од истрагата.






Според наодите од истрагата, пожарот настанал со прскање на врелото масло на скарата при приготвувањето на оброкот, а пожарот се проширил поради погрешна интервенција на персоналот во кујната кој не користел противпожарен апарат, туку вода, јавува турскиот портал Тренд

Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната, а потоа и на горните катови на хотелот.

Утврдено е дека вработените во кујната реагирале панично и исплашено ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани за пожарот бидејќи не работел протипожарниот аларм.

РАСТЕ БРОЈОТ НА УАПСЕНИ ПО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА Се бараат одговорните лица за несреќата со 78 жртви

Поврзани содржини