ТУРСКИОТ ГОТВАЧ ЈА ПОСЕТИ МАЈКА СИ ПО ДВЕ ГОДИНИ Луѓето му велат да се засрами (ВИДЕО)

Милионерот, кој поседува повеќе од 15 ресторани во градовите ширум светот споделил снимка од својата средба со мајката на Инстаграм.

758

Популарниот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае, откри дека ја посетил својата мајка за првпат по две години.

Милионерот, кој поседува повеќе од 15 ресторани во градовите ширум светот, вклучувајќи ги Истанбул, Њујорк, Мајами, Доха и Абу Даби, споделил снимка од својата средба со мајката на Инстаграм.






Мајката и синот се прегрнале и разговарале, а тој на крајот ѝ ја бакнал раката во знак на почит, но многу следбеници го критикувале славниот готвач бидејќи не ја видел мајка си толку долго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

„Па колку таа те сака… Дај ѝ малку од своето време, семејството треба да биде приоритет“, „Неверојатно е што не ја посетил мајка си две години, а постојано патува низ светот“, „Тргни ги проклетите очила барем пред мајка ти“, „Жално е што е презафатен за да ја види мајка си две години“, напишале бројни негови следбеници, а на некои им пречело и тоа што мајка му живее во скромни услови.

„Зошто таа живее во такви услови кога има син кој е толку богат?“, „Да е нормален би ѝ купил замок на својата мајка, а таа живее во толку скромни услови“, „Со оглед на тоа колку пари имаш, изненадена сум што мајка ти не живее во вила“, додаваат други.

Меѓутоа, како и обично, Нусрет не одговорил на коментарите, ниту критиките од неговите следбеници.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини