ТУРСКИОТ ГАНДИ КОЈ НИКОГАШ НЕ ПОВИШИЛ ТОН Кој е Кемал Киличдароглу, противкандидатот на Ердоган

Бил раководител на секторот на Управата за приходи при Министерството за финансии, а извесен период бил директор на Заводот за социјално осигурување. Тој се здоби со репутација на доверлив и педантен службеник, а во 1994 година, еден турски магазин го прогласи за „бирократ на годината“. Неколку години подоцна ја напушти државната управа и влезе во политиката.

1,857

Ниту еден од претседателските кандидати на изборите во Турција не ги освои потребните 50 отсто од гласовите за победа во првиот круг. Сепак, судејќи според резултатите објавени од Врховниот изборен совет врз основа на 99 отсто од преброените гласови, актуелниот лидер Реџеп Таип Ердоган на 28 мај влегува во вториот круг со 49,40 отсто од гласовите, каде што ќе се соочи со својот противкандидат лидерот на Републиканската народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу кој освои 44, 96 отсто.

Процентуалната разлика меѓу двајцата првопласирани кандидати е помала од процентот на освоени гласови на третиот кандидат Синан Оган (5,2 отсто од гласовите). Сите гласови на Синан Оган ќе бидат потребни за евентуална победа на Киличдароглу во вториот круг. Сепак, ова не е реално да се очекува од неколку причини. Оган му припаѓа на десното политичко крило и поверојатно е да застане на страната на Ердоган.






Тешки уцени од третопласираниот Оган

Второ, се чини нереално Киричадоглу да ги исполни сите услови што му ги постави Оган како предуслов за поддршка во вториот круг од изборите. Еден од тие услови на Оган е прокурдската партија ХДП да биде отстранета од политичкиот систем. Ова е прилично нереално да се очекува, со оглед на тоа што Киличдароглу предводи коалицијата од шест партии, вклучително и прокурдската ХДП, и работеше на тоа да добие наклоност кај маргинализираната курдска заедница.

Кирчдароглу се залага за депортирање на сириските бегалци од Турција бидејќи ги смета за товар за економијата и општеството. Како што рече, четири дена пред изборите на предизборната средба во Кирикале: „Сите Сиријци ќе бидат депортирани во рок од две години“, додавајќи дека Авганистанците, Сиријците и другите мигранти продолжуваат да ја минуваат границата.

На прашањето како има намера да го усогласи ова ветување со желбата на Турција да влезе во Европската Унија, тој рече дека може да се обрати до ЕУ или дури и до ОН за поддршка за протерување бегалци.

– Не го сметам тоа за расизам. Кога ќе дојдеме на власт, ќе седнеме, ќе разговараме со легитимната администрација во Сирија и ќе најдеме решение за овој проблем – изјави Киричдароглу за „Гардијан“.

Киричдароглу беше многу оптимист во неделата доцна навечер.

Дефинитивно, ќе победиме во вториот круг… Во следните 15 дена ќе се бориме за права, закони и правда во оваа земја.

EPA-EFE/MANUEL DE ALMEIDA

Тој се опишува себеси како поранешен државен службеник и поранешен сметководител кој води „скромен живот како неговиот народ“. Одржува строга финансиска дисциплина.

„Многу внимава да не троши на ништо непотребно“, вели Окан Конурал, негов близок соработник.

Киличдароглу вети враќање на класичната економска политика и парламентарната демократија, како и на независното судство.

Бирократот на годината, кој влезе во високата политика

Роден е во провинцијата Тунџели, на истокот на Турција, која е претежно населена со алевити (анадолската муслиманска заедница која сунитското мнозинство во Турција ја смета за хетеро-доксна).

Кемал е син на државен службеник. Тој и неговиот брат близнак се четврто и петто дете во семејство со седум деца. Велат дека бил одличен ученик, свирел на саз (традиционална лаута со долг врат), сакал да стане учител, студирал економија и финансии, подоцна работел во турското Министерство за финансии.

Во тој период се оженил со Селви Гундуз, од неговиот роден град, со која има две ќерки и еден син.

Бил раководител на секторот на Управата за приходи при Министерството за финансии, а извесен период бил директор на Заводот за социјално осигурување. Тој се здоби со репутација на доверлив и педантен службеник, а во 1994 година, еден турски магазин го прогласи за „бирократ на годината“. Неколку години подоцна ја напушти државната управа и влезе во политиката.

По финансиската криза од 2001 година, неговото искуство на повисоките нивоа на администрација и публикациите кои повикуваа на реструктуирање на економијата и бирократијата го направија атрактивен кандидат за ЦХП.

По изборите во 2002 година влезе во парламентот.

Иако ЦХП, партијата основана од Кемал Ататурк, се обиде да се реформира, долго време доминираше истата кемалистичка политичка класа.

Понатаму, во време кога на турските жени со хиџаб им беше забрането да посетуваат универзитет или да влезат во други јавни институции, ЦХП не понуди решение за усогласување на својата непоколеблива посветеност на секуларизмот со обесправените жени (во 2013 година, партијата АКП на Ердоган ја укина забраната за хиџаб на универзитетите и јавните институции).

Киличдароглу ја загуби кандидатурата за градоначалник на Истанбул во 2009 година, но го презеде раководството на партијата следната година и покрај тоа што беше во центарот на скандал.

Мета на атентатори, на митинзи со панцир!

Во врска со прашањето за покривање на главата на жените, Киличдароглу во јули 2020 година рече: „Прашањето на шамиите го направивме прашање број еден во Турција“. Зошто се грижиш за шал? Жените нека носат што сакаат“.

Во текот на 13 години колку што беше на чело на партијата, водеше, велат, тивка револуција – се обиде да се помири со исламските верници преку гестови како што е присуството на ифтар вечери за време на Рамазан, ги избриша старите милитаристички кодови на партијата.

Како што потсетува Би-Би-Си, Киричдароглу преживеал серија насилни напади, па на последните изборни митинзи носел панцир.

Пред првиот круг на социјалните мрежи објави видеа од својата скромна кујна, за да им се доближи на помладите гласачи.

Со текот на времето, тој воведе верски личности, курдски активисти и активисти за правата на жените во партијата за да докаже дека ЦХП се променила.

Еден сопартиец вели дека никогаш не го кренал гласот.

– Понекогаш работите нè полудуваат и не можеме, а да не викнеме. И тогаш Карчдароглу останува мирен – изјави неговиот сопартиец за Би-Би-Си.

Оваа тивка природа, во комбинација со неговата физичка сличност со поранешниот индиски лидер, му го донесе на Киличдароглу прекарот Ганди Кемал.

 

Поврзани содржини