ТУРСКИОТ ДРЖАВЈАНИН КОЈ ПОЧИНА НА КЛИНИЧКИ БИЛ ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК Паднал од висина на објект во Стопански двор

Преку обдукција и службени разговори било утврдено дека несреќата се случила додека М.А.О. работел на градилиште во населбата Стопански двор, од каде паднал од висина. Турскиот државјанин починал неколку минути по пристигнувањето, а човекот што го донел исчезнал со „хонда сивик“.

293

Македонската полиција го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61) кој на 24 септември бил донесен со тешки повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Преку обдукција и службени разговори било утврдено дека несреќата се случила додека М.А.О. работел на градилиште во населбата Стопански двор, од каде паднал од висина.

Турскиот државјанин починал неколку минути по пристигнувањето, а човекот што го донел исчезнал со „хонда сивик“. Информацијата ја потврди Секторот за внатрешни работи Скопје.






„На 23.09.2025 во 16:40 часот од Клиниките било пријавено дека маж со тешки повреди бил донесен со приватно возило, по што возачот го напуштил местото“, стои во полициското соопштение.

По брза истрага на Единицата за насилен криминал бил пронајден и возачот, Х.М.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТУРЧИН „ИСТОВАРЕН“ ПРЕД КЛИНИЧКИ Починал набрзо по приемот

 

 

 

Поврзани содржини