Турскиот амбасадор во Австрија: Христијаните се егоисти, не делат подароци како нас!

Чејхун, во своето обраќање на една прослава за празникот Рамазан, рекол дека Божик е егоистичен.

454

Амбасадорот на Турција во Австрија, Озан Чејхун, ги нарече Христијаните „егоисти“ и ги спореди Божик и Бајрам, обвинувајќи дека Христијаните за празникот се повлекуваат во своите четири ѕида и не делат подароци како што тоа го прават муслиманите.

Чејхун, во своето обраќање на една прослава за празникот Рамазан, рекол дека Божик е егоистичен.






– Христијаните не организираат никакви манифестации како што ние организираме. На пример за Божик. Тие го прославуваат празникот на егоистичен начин и се повлекуваат во соптствените четири ѕидови, не делат подароци како нас – рекол тој.

Чејхун ова го говорел на прославата во организација на едно австриско здружение кое е блиско до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На прославата им биле доделени бонови во вредност од 200 евра за турските студенти во Австрија, како помош од Турција.

Поврзани содржини