Турската агенција ТИКА донираше медицинска опрема на Институтот за белодробни заболувања
Донираната опрема за болнички услови се состои од монитор, инфузиомат, дефибрилатор, сет за реанимација, апарат за хемостаза и д-димери.
Турската агенција за координација и соработка – ТИКА донираше медицинска опрема на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје и го реализираше проектот „Мобилна клиника“.
Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до Агенцијата ТИКА, укажа на заедничките проекти и додаде дека со тоа се направени сериозни поместувања, зајакнувања на здравствениот систем. Потсети на болницата ГАК во Чаир, интензивната нега на Педијатриската клиника.
Филипче информира дека се работи за проект со кој се поддржува работата на Институтот за белодробни заболувања, кој е познат по искуствата на идентификување на многу специфични белодробни заболувања. Во овој момент еден дел од овој Институт, како што рече, е целосно посветен на третман на пациенти заболени од ковид, благодарение на искуството кое што го има во третирањето на пациенти кои имаат болести на белите дробови.
Донираната опрема за болнички услови се состои од монитор, инфузиомат, дефибрилатор, сет за реанимација, апарат за хемостаза и д-димери. Додека делот од опремата наменет за флуоробусот кој припаѓа на Институтот, која ќе биде користена на терен, се состои од ЕКГ, хематолошки бројач, фрижидер за складирање на примероци за микробиолошки испитувања.