ТУРКИШ ЕРЛАЈНС СЕ ШИРИ НА ИБЕРИСКИОТ ПОЛУОСТРОВ И ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА Купува удели во шпански авиопревозник

Според изјавите на нејзиниот претседател, Хуан Хозе Идалго, за новинската агенција ЕФЕ, 275 милиони евра, во комбинација со сопствената ликвидност на авиокомпанијата, ќе бидат искористени за отплата на заемот од 475 милиони евра доделен од Државната компанија за индустриско учество (СЕПИ) за време на здравствената криза.

47

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ потпиша договор за стекнување на 26% од сопственоста во шпанската авиокомпанија „Ер Јуроп“ (Air Europa). Трансакцијата, вредна околу 275 милиони евра, ја позиционира турската авиокомпанија како стратешки партнер во компанијата управувана од семејството Идалго.

Се очекува процесот да биде завршен во рок од приближно 6 до 12 месеци, во зависност од добивањето на потребните дозволи и одобренија од надлежните регулаторни тела






Трансакцијата вклучува инвестиција од 300 милиони евра, рекоа тие, додавајќи дека Огромниот дел од инвестицијата ќе биде во форма на зголемување на капиталот.

Со оваа инвестиција, „Туркиш ерлајнс“ добива пристап до мрежата на рути „Ер Јуроп“ помеѓу континентална Европа и Латинска Америка, која ја управува од својот центар на аеродромот Мадрид-Барахас.

Директорот на „Туркиш ерлајнс“ претходно изјави дека главната причина за интересот за шпанскиот превозник е тоа што неговата мрежа на летови ја надополнува онаа на „Туркиш ерлајнс“, со силно присуство во Латинска Америка и Иберискиот Полуостров.

Вложувањата на турскиот национален авиопревозник во „Ед Јуроп“ ќе бидат клучни за финансиската стабилност на шпанскиот авиопревозник.

Според изјавите на нејзиниот претседател, Хуан Хозе Идалго, за новинската агенција ЕФЕ, 275 милиони евра, во комбинација со сопствената ликвидност на авиокомпанијата, ќе бидат искористени за отплата на заемот од 475 милиони евра доделен од Државната компанија за индустриско учество (СЕПИ) за време на здравствената криза.

 

Поврзани содржини