Турканици, кавги и нервоза! Сите што имале сметка во Еуростандард, сега ги „окупираа“ другите банки (ФОТО)
Станува збор за пензионери, лицата кои земале плата преку Еуростандард, како и примателите на социјален и детски додаток, кои по затворањето на банката, веднаш реагираа да отворат сметки во други банки.
Уште од раните утрински часови пред речиси сите експозитури во Скопје, но и во целата земја, може да се забележат редици луѓе кои сакаат да отворат сметки во банките, откако претходно имале сметки во Еуростандард банката која беше затворена од страна на Народна банка.
Инаку, станува збор за пензионери, лицата кои земале плата преку Еуростандард, како и примателите на социјален и детски додаток, кои по затворањето на банката, веднаш тргнаа да отворат сметки во други банки.
Фондот за пензиско ги информираше пензионерите тоа да го направат најдоцна до 21 август, а како што истакнаа оттаму, единствено ќе треба да достават известување до банката преку која сакаат да им се врши исплатата, а потоа самата банка ќе ги информира ПИОМ. Нема потреба да одат до шалтерите на Фондот, информираа од пензиско.
Примателите на социјален, детски додаток и згрижувачките семејства, пак, нова банка имаат рок да одберат до 25 август. Задолжително мора да го известат одговорното лице во банката дека преку транскациска сметка сакаат понатаму да им се врши исплата на нивното право. Овие корисници немаат потреба да одат центрите за социјална работа за да земат социјален број, наведуваат од Министерството за труд.
Од Македонската банкарска асоцијација исто така информира дека во соработка со институциите нејзините членки ги превземаат сите потребни активности за да им излезат во пресрет на потребите на клентите корисници на банкарските услуги од Еуростандард банка АД Скопје.