СЕ НАДГРАДУВА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОВЕРКА Нема онлајн податоци за готов пасош и лична карта

„Податоците моментално се ажурираат. Ве молиме обидете се повторно подоцна“. Ова е пораката доколку сакате да проверите дали вашите лични документи се готови за подигнување.

13,599

Има проблем со системот за онлајн проверка на готовите документи на МВР, а граѓаните се жалат дека оваа алатка не функционира во последните денови.

Доколку се обидете да проверите дали некој од вашите лични документи е готов со проверка преку интернет страната на Министерството за внатрешни работи, ќе добиете порака која гласи:






„Податоците моментално се ажурираат. Ве молиме обидете се повторно подоцна“.

фото: Принтскрин

 

Во овој момент граѓаните не можат со внесувањето на својот матичен број да проверат дали е готова нивната лична карта, возачка дозвола или пасош затоа што веднаш ја добиваат оваа порака. Како што нè информираа дел од граѓаните ова се случува од вчера попладне.

Плусинфо и минатата недела пишуваше за овој проблем со кој се соочуваат граѓаните. Претходно, доколку сакавте да проверите дали вашата лична карта е готова и дали можете да ја подигнете, со внесувањето на матичниот број ја добивавте пораката „Вашата лична карта е во процес“.

Претходно побаравме одговори од Министерството за внатрешни работи (МВР) за овој проблем со кој се соочуваат граѓаните и дали има некое решение.

– Периодов во процес е надградување на системот за електронска проверка за личните документи на граѓаните кои се имаат фотографирано. Инаку овој систем важи за сите лица кои се имаат фотографирано по први јануари во просториите на МРТВ, „ПС. Беко“ и ПС „Пролет“ – нè информираа минатата недела од МВР.

Инаку системот пред еден месец беше пуштена онлајн-алатката за проверка на личните документи со цел да се намалат турканиците на кои бевме сведоци во минатите месеци. Само со впишување на матичниот број и селекција на бараниот документ, се проверува дали истиот е готов.

„Со впишување на ЕМБГ може да се провери дали некој од личните документи е во процес на изработка или е подготвен за издавање. Ова засега важи само за лицата кои се фотографирани за патна исправа во МТВ и Пролет. Во иднина ќе се прошири за сите пунктови, како и за личните карти и возачките дозволи“, порачаа од МВР пред еден месец.

Инаку скопјани од 11 март можат да ги подигнуваат готовите лични карти од 9 полициски станици и 5 полициски одделенија во период од 07 до 22 часот, секој ден од неделата.

ПАСОШОТ Е ВЕЌЕ ГОТОВ, А СИСТЕМОТ ВЕЛИ ДЕКА СЀ УШТЕ Е ВО ИЗРАБОТКА Алатката за онлајн проверка на готовите лични документи не е за верување!

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ ВО ПРАЗНО ЗА ЛИЧНИ КАРТИ Еве каде и до колку часот можете да си го подигнете новиот документ

ГОТОВАТА ЛИЧНА КАРТА ЌЕ СЕ ПОДИГА ВО НАЈБЛИСКАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА МВР го менува начинот на издавање лични карти во Скопје

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОРАКА КОГА МОЖАТ ДА ГО ЗЕМАТ ГОТОВИОТ ПАСОШ Тошковски воведува нов систем за издавање патни исправи

Поврзани содржини