„Туризмот на респиратор“ – Туристичките работници бараат субвенции од 3.000 до 25.000 евра

На мирниот протест присуствуваат повеќе од 700 луѓе, а следени се и од автобуси, кои на моменти ги вклучуваа сирените.

361

Во 16 часот во центарот на Скопје започна протесниот марш на туристичките работници по што се упатија пред зградата на Владата. На мирниот протест присуствуваат повеќе од 700 луѓе, а следени се и од автобуси, кои на моменти ги вклучуваа сирените.

„Туризмот на распиратор“, „Ни треба помош сега и веднаш“, „300 туристички агенции ќе стават клуч на врата“, Државата не заборави“, се само некои од пораките кои ги упатија туристичките работници на протестот што се одржа пред Владата.






Неповратни субвенции од 3.000 до 25.000 евра, поволни кредити, кои ќе помогнат да се преживее овој период без никаков промет, како и продолжување на грејс периодот за враќање на земените средства од шест месеци на една година, побараа туристичките работнии, кои попладнето се собраа на протест пред Владата.

Со државната помош, која ќе биде наменеа само за туристичките работници, да бидат опфатени и водичите и туристичките пратители, кои како што рекоа на протестот ја претставуваат државата.

Аргументите за овие барање се во целосното нефункционирање на овој сектор цели пет месеци, каде што се засегнати се 5.000 вработени.

– Овде сме да упатиме апел дека не сме малку, дека постоиме и не бараме премногу. Ние бараме од државата како наш партнер да опстоиме, не да профитираме – беше речено на протестот.

Турстичките работници забележаа дека со пакетите на мерки државна помош биле ставени во ист кош со останатите, дека не се одделени од останатите и нагласија дека некој што загубил 30 отсто од профитот е исто третиран како и тие со сто отсто загуба.

На простестот беше искажан и проблемот со немањето на средства за регистрација на автобусите, поради што, како што рекоа денеска останаа во гаражите, а на протестот има само десетина, кои можат да превезуваат туристи.

Поврзани содржини
na