ТУРИСТИТЕ ИМ ЅИРКААТ ВО ДОМОВИТЕ, БЕЗ ДОЗВОЛА СЕ ШЕТААТ ВО НИВНИТЕ ГРАДИНИ Холандското село на ветерници поради наезда од посетители воведува влезници

За 17,50 евра, ќе добиете влез во музејот и во внатрешноста на ветерницата, две атракции за кои мораше да се плати посебно. Во музејот, меѓу другото, има и слика од локални ветерници насликани од Клод Моне во 1871 година, додека внатре во ветерниците можете да видите како Холанѓаните во 17 век мелеле жито, пигменти за бои или сечеле дрво.

248

Холандското село Заансе Шанс, познато по своите живописни ветерници, планира од следната година на пролет да воведе влезници од 17,50 евра за туристите.

Причина за мерката која ја најавува локалниот совет е масовниот туризам кој влијае на приватноста на жителите на селото.






-Во 2017 година имавме 1,7 милиони посетители, а оваа година се движиме кон 2,8 милиони. Но, ова е мало место! Едноставно немаме простор за сите тие луѓе! – вели директорката на селскиот музеј, Марике Вервај.

Според неа посетителите често забораваат дека луѓето живеат во селото.

-Тие не знаат дека луѓето живеат тука, па влегуваат во нивните градини, влегуваат во нивните куќи, мочаат во нивните градини, тропаат на врати, фотографираат, користат селфи стапчиња за да ѕирнат во куќите. Значи, воопшто нема приватност – објаснува таа.

Според најавата, посетителите ќе треба да го резервираат влезот и да платат билети преку интернет.

За 17,50 евра, ќе добиете влез во музејот и во внатрешноста на ветерницата, две атракции за кои мораше да се плати посебно. Во музејот, меѓу другото, има и слика од локални ветерници насликани од Клод Моне во 1871 година, додека внатре во ветерниците можете да видите како Холанѓаните во 17 век мелеле жито, пигменти за бои или сечеле дрво.

Доколку само половина од сегашниот број туристи би продолжиле да доаѓаат, годишниот приход од билети би изнесувал околу 24,5 милиони евра.

Советот планира да ги инвестира тие пари во одржување на ветерниците и нова инфраструктура, како што се јавните тоалети.

Сепак, сопствениците на продавници и ресторани не се задоволни, бидејќи како што велат ќе им се намали прометот.

Наплатата на влезници во селата и градовите станува сè почеста практика во борбата против прекумерниот туризам. Венеција наплаќа 5 евра за еднодневни посети, Бутан има дневна такса за сите туристи, а слични мерки се воведени и од заедници како што се селото Кловели во Англија или Корено Плинио во Италија.

Поврзани содржини