Туристичко-угостителската комора ја претстави кампањата за поддршка на секторот

Од ТУК очекуваат сериозна поддршка за секторот во поставувањето на нови стандарди за работа со цел подолгорочно да се придонесе за подобрување и унапредување на состојбата во угостителството.  

585

Денеска туристичко-угостителската комора информираше за иницијатицата на угостителите од сите градови во земјата кои се обединети во комората, како и преставувањето на сетот мерки кои ќе бидат промовирани преку кампања.

Од ТУК очекуваат сериозна поддршка за секторот во поставувањето на нови стандарди за работа со цел подолгорочно да се придонесе за подобрување и унапредување на состојбата во угостителството.






– Членовите на комората ја следат работата на Комисијата за заразни болести и ги почитуваат стручните препораки кои ги дава, а кои се насочени кон заштита на здравјето на сите граѓани. Преку институционална комуникација угостителите покажаа свесност и подготвеност да работат со полно работно време, а притоа ќе обезбедат највисоки безбедносни стандарди за секторот да работи сигурно, со соодветни мерки за заштита, како на вработените, така и на гостите – изјави потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски.

Тој додаде дека во моментов се наоѓаме во фаза во која постепено се олабавуваат мерките и на луѓето им е неопходна интеракција и движење. Поради тоа од Комората се надеваат на што поскоро отворање на секторот од кој зависи добар дел од економијата и навикувањето на новиот начин на живот.

За таа зел Туристичко-угостителската комора превзема силна иницијатива за заживување на секторот и сите поврзани дејности и субјекти. Во тој правец ќе започне позитивна кампања која ќе придонесе за подобрување на економијата во наредниот период.

– Сведоци сме дека овие сектори се соочуваат со големи предизвици. За таа цел ја најавуваме оваа кампања пред да биде предоцна за реакција, односно пред да почнат да се носат одлуки за затворање на компаниите кои според анализите во овој сектор би се движеле од 15 до 35 проценти – изјави Ангеловски.

За таа цел од ТУК го претставија сетот мерки кој ќе отпочне со оваа кампања, а за која се надеваат дека ќе наидат на поддршка и од страна на надлежните институции. Таа ќе се спроведе преку сите електронски и печатени медиуми, како и преку социјалните мрежи со цел да допре до пошироката јавност.

– Кампања ќе се однесува на поддршка на националните производи, односно препораки за користење на домашни производи и услуги од угостителските компании. Поддршка на националниот туризам за хотелите и сместувачките капацитети, како и поддршка алтернативниот туризам. Поттикнување на социјална одговорност преку која ќе се врши континуирано донирање на оброци и бесплатно сместување на социјално најранливите категории. Исто така ќе се поддржат лицата кои се вработени во овие сектори, како и поддршка за угостителството со промоција на иновативни идеи, како „гифт карт“ за угостителство и слично – рече потпретседателот на ТУК.

Ангеловски додаде дека и во периодот на опоравување кој следи, комората ќе продолжи да дава предлози кон ресорните министерства за финансиска поддршка со оглед на тоа што сега ќе се покажат резултати од досегашните мерки кои беа превземени и тоа дали тие биле доволни и соодветни или не. Со застојот во секторот директно и индиректно се загрозени и организаторите на настани, рентал-компаниите, фотографите, музичката индустрија, дистрибутерите и други.

Според најавите од страна на Владата се очекува угостителските објекти да започнат со работа веќе од текот на следната недела, но од комората засега не знаат под кои услови тие ќе може да работат.

– Утре сме повикани да присуствуваме на комисијата за заразни болести и каде што очекуваме да ги разгледаме и најверојатно да се разговара и за утврдување и за работно време и за сите останати работи кои што ги засегаат угостителите. Меѓутоа утврдени протоколи се уште нема, а за нив е одговорна комисијата за заразни болести. Во моментов угостителските објекти превземаат подготовки во правец на дезинфекција, на чистење, на средување на објектите затоа што не работеа подолго време. Ние имаме пратено наши предлози како да работиме, а завршниот збор ќе го даде комисијата како одлука на која треба да се придржуваме – вели Ангеловски.

Тој додаде дека е направена анализа врз основа на нивната претпоставка дека би функционирало во однос на отворање на објектите и за еден објект со посериозен капацитет би чинело околу 3.000 денари дополнителни трошоци дневно (за дезо-бариери, дезифекциони средства, заштитна опрема за вработените и слично), а во нивниот предлог е побарано од Владата да им излезат во пресрет во вид на субвенција, како дел од обезбедување на тие дел од тие средства или во некој вид на понатамошна рефундација, но тоа ќе треба резорните министерства да одлучат за тоа.

Поврзани содржини