Туристичко-угостителската комора бара средба со економските министри

Од протестот пред влада од ТУК побараа во рамки на шесттиот пакет мерки да се вметнат и нивните барања.

176

Tуристичко-угостителскиот сектор денеска од протестот пред владата побара да се исполнат нивните барања за континуирана поддршка бидејќи како што велат за 14 месеци  колку што се во криза ги исцрпеле сите ресурси.

Тоа, како што рекоа денеска, довело до губење на работни места и затворање на фирмите. Побараа и средба со министрите во влада кои ги водат економските ресори, Фатмир Битиќи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, на која би разговарале за нивните барања и имплементацијата за мерките од последниот пакет.






– Веруваме дека средствата кои се предвидени во шестиот пакет на економски мерки можат да помогнат и да ги ублажат штетите со кои се соочува туристичко-угостителскиот сектор, ако се имплементираат на соодветен начин. Имајќи предвид дека постапките и процедурите за нивна имплементација сѐ уште не се познати, бараме пред имплементацијата да се земат предвид и нашите барања, бидејќи тие произлегуваат од реалните потреби на најпогодените сектори – велат од Туристичко-угостителската комора на Сојузот на стопански комори.

Од Комората велат дека наредните денови ќе дадеме простор надлежните органи и институции да постапат согласно нашите барања, а по Велигденските празници ќе излеземе со нов план за активностите, доколку нема никакви промени во ставовите.

Туристички агенции подобрување на состојбата во која моментално се наоѓаат гледаат во обезбедување на неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана агенција, ваучерите кои ќе се доделуваат од мерката „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам и рокот на ваучерите кои се издадени од туристичките агенции според Одлуката на Влада за нереализираните патувања во 2020 година, да се продолжи до 31.12.2022 година. Од нивните три барања првата е делумно усвоена, при што сеуште не се познати условите и методологијата за распределба да се знае дали мерката ќе има било каков ефект.

Со протестите пред Министерството за финансии и денеска пред Владата, угостителите од рестораните, кафулињата, ноќните клубови, рестораните за свадби, вработените во туристичките агенции и игротеките, танцовите и балетски студија, туристичките водичи, сметководителите, кои заедно застапуваат околу 40.000 луѓе побараа да се исполнат барањата за поддршка кои се веќе доставени до Владата.

Угостителските објекти бараат еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не се создадат услови за работа. Една мерка е делумно усвоена под поинакви критериуми со процент од процент на приходите од 2019 и 2020 година, но без да се информира јавноста јасно за методологијата и кои се критериумите кои секое претпријатие ќе треба да го исполни за да аплицира, повторно е нејасно дали и какви ефекти ќе има за помош.

Сметководителите испорачаа барање за директна финансиски помош, нов Закон за вршење сметководствени работи и системско пролонгирање на роковите за годишни сметки и даночни пријави. Во комуникација со институциите во деновите додека трае протестот е добиен позитивен одговор за барањето поврзано со Законот за вршење на сметководствени работи како и за системско одложување на роковите за годишни сметки и даночни пријави. Делумно е прифаќањето на барањата а за останатите се очекува одговор од институциите. Неповратна финансиска помош е потребна и за преживување на игротеките, туристичките водичи, танцовите и балетски студија.

 

Поврзани содржини