Туристичките агенции и водичите ќе добијат грантови

Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000 денари, информираат од Владата.

447

Владата ќе го враќа целиот уплатен износ на туристичка такса за 2019 година. Министерството за економија за реализација на оваа активност треба да објави јавен повик и да подготви онлајн апликација каде што сите субјекти ќе поднесуваат електронска апликација со приложување на документација.

Комисија формирана од министерот за економија ќе изврши евалуација на апликациите и ќе изготви Записник и Решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.






– За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120 милиони денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа. Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000 денари – информираат од Владата.

Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година.

Со ова мерка исто така е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност.

– Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка Лиценца и не се во редовен работен однос. Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000 денари по апликант. Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000 денари – информираат од Владата.

Поврзани содржини