Туристичките агенции бараат укинување на мерките за влез и излез од земјава

Во соопштението е наведено дека влезот во земјата без тест за сите наши граѓани или странци значи државен карантин од 14 дена, а потоа и домашна самоизолација.

735

Туристичките агенции бараат укинување на одлуката на Владата за тоа дека при влез во државата мора да се приложи валиден негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а потоа да се поминат и 14 дена во домашна самоизолација.

Во соопштението е наведено дека влезот во земјата без тест за сите наши граѓани или странци значи државен карантин од 14 дена, а потоа и домашна самоизолација.






„Отварање на границите под овие услови ја оневозможува работата на туристичките агении. Никој нема да патува под вакви услови. Агенциите барааат отворање на границите без вакви рестриктивни мерки. Доколку не се отворат границите и продолжи кризата, агенциите бараат финансиска помош. Предлог мерки за поддршка на туристичкиот сектор: Неповратна месечна финансиска помош за покривање на режиските трошоци (кирија, сметки за вода, струја, сметководство..). Наш предлог е за помалите агенции до 5 вработени, помошта да биде 500 евра месечна субвенција, а над 5 вработени по 1000 евра, додека трае ситуацијата и наназад откако е затворена границата, април, мај и јуни. Да се продолжи мерка покривање на плати на сите вработени во туристичкиот сектор додека трае пандемијата, минимална плата во државата 14.500 мкд со 100% платени придонеси. Да не постои плаќање 50% од наша страна, бидејќи сме затворени и немаме воопшто приходи со кои би ја покриле дури и оваа мала сума. Мерката минимална плата да важи за сите, без разлика дали некој бил во загуба или не, сепак плаќал данок. И да се помогне на новоформираните агенции кои ја немаа можноста воопшто да започнат со работа и се ставени во ситуација да отпуштаат вработени заради тоа што немаат приходи, а со досегашните мерки не беа земени во предвид. Ослободување од плаќање на ДДВ, Данок на добивка и аконтација за Данок на добивка до крајот на годината. За Туристичките агенции кои имаат подигнато кредити во Комерцијалните банки (за закупи, за одржување на тековната ликвидност), да се донесе уредба за одлагање на враќање на истите за една година. За кредитите одобрени од Развојна Банка на РСМ како една од веќе донесените мерки, да се зголеми грејс периодот од 6 на 12 месеци. Одобрување на бескаматни кредити за сите туристички агенции и превозници, без услови“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини