ТУРИСТИЧКИ КОШМАР ВО СКОПЈЕ Таксист насилно одзел пари од семејство од Турција и ги исфрлил од автомобилот
Полицијата започнала увид за случајот и ги презема сите неопходни мерки за пронаоѓање и апсење на сторителот.
Непријатен инцидент се случил вчера во Скопје, откако 21-годишната турска државјанка Б.Ц. и нејзиниот татко Ф.Ц. биле жртви на грабеж од такси-возач кој возел мерцедес со скопски таблички.
Според претставката поднесена до СВР Скопје, околу 19:44 часот турското семејство било во таксито со намера да стигне до крајната дестинација во центарот на градот. По пристигнувањето, возачот неочекувано им побарал 2.500 денари, што е значително над нормалната цена за вакво мало растојание.
Кога патниците се спротивставиле на оваа јасно напумпана цена, таксистот прибегнал на физичка сила, од раката на младата жена и одзел 2.000 денари и потоа ги исфрлил од возилото.
Полицијата започнала увид за случајот и ги презема сите неопходни мерки за пронаоѓање и апсење на сторителот.