Туристи во Хрватска ја објавија сметката што ја платиле за две кафиња (ФОТО)
Шокот можеби полесно ќе го поднесевме доколку нè послужеа и со обична чаша вода којашто вообичаено ја носат келнерите со кафе, но овојпат не беше така - изјавил туристот.
Туристи кои летово го искористиле за да ги видат убавините на Корчула, Хрватска, дома не се вратиле баш најзадоволни. Имено, тие на социјалните мрежи објавиле фотографија од сметката што ја платиле во едно кафуле – за две кафиња макијато издвоиле 46 куни (380 денари).
– Додека некои прават сè за да ја спасат сезоната колку што можат, нечија безобразност по прашањето на високите цени нема крај. Па така, јас за две обични кафиња со млеко морав да издвојам 46 куни – изјавиле туристите за „Далматински портал“.
Како што рекле, локацијата не била елитна за да бидат толку високи цените на пијалаците.
– Шокот можеби полесно ќе го поднесевме доколку нè послужеа и со обична чаша вода којашто вообичаено ја носат келнерите со кафе, но овојпат не беше така – изјавил туристот.
Во продолжение, погледнете ја сметката: