ТУРИСТИ СО КАМПЕР ЗАГЛАВИЛЕ НА ГАЛИЧИЦА Завеани двајца Чеси на планина, интервенирале спасувачи

Според информациите од Регионалниот центар за гранични работи Запад, на 18 март во 16:30 часот било пријавено дека двајца странски државјани побарале помош откако нивниот кампер мерцедес со чешки национални ознаки останал заглавен во снегот.

970

Двајца туристи од Чешка, заглавени во снежен нанос на подрачјето на Националниот парк Галичица, се спасени во координирана акција на полицијата, Црвениот крст и претставници на паркот.

Според информациите од Регионалниот центар за гранични работи Запад, на 18 март во 16:30 часот било пријавено дека двајца странски државјани побарале помош откако нивниот кампер мерцедес со чешки национални ознаки останал заглавен во снегот. По брза реакција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Св. Наум“, спасителски тим на Црвениот крст Охрид и претставник од Националниот парк Галичица се упатиле кон локацијата.






„По координирана акција, на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија ги пронајдовме и безбедно ги извлековме J.C. (35) и O.V. (32) од Чешка. Тие беа во добра здравствена состојба, но загрижени поради ситуацијата“, изјави за медиумите претставник на спасителскиот тим.

Камперот бил успешно извлечен од снежниот нанос, а туристите биле безбедно спроведени. Од надлежните институции апелираат сите кои се движат во планинските региони во зимски услови да бидат внимателни и да ги следат временските прогнози.

Поврзани содржини