ТУРЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА НАШИТЕ ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ Во ноември престојувале 12.400 туристи од Турција

Меѓу побројните туристи кои дошле во Македонија во ноември се оние од Германија - 11.812, Србија - 3.793 и Грција - 3506.

110

Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7% се домашни, а 74,3% се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.

Најмногу странски туристи и во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506…






Бројот на ноќевањата изнесува 146.605, од кои 33,9% се од домашните туристи, а 66,1% од странските туристи.

Во периодот јануари – ноември лани, во однос на истиот период од 2024 година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6%, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2,5%, а кај странските има зголемување за 10,3%.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 0,8%, така што кај домашните туристи има намалување за 4,3%, а кај странските има зголемување за 6,9%.

Поврзани содржини