ТУРЦИТЕ И ВО НОЕМВРИ БИЛЕ НАЈЧЕСТИ ТУРИСТИ Земјава ја посетиле повеќе од 66.700 туристи

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13,8 %.

75

Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66.701, од кои 31,6 % биле домашни, а 68,4 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138.226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од странските.






Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13,8 %.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 9,2 %.

Во ноември најголем број туристи во земјава дошле од Турција (14.193), Србија (3.790), Грција (3.561) и од Бугарија (3.396).

Поврзани содржини