ТУРЦИЈА ВО ГОЛЕМА ХУМАНА АКЦИЈА Настојува да преземе 1.000 луѓе болни од рак од болницата во Газа

Здравствените власти во Газа вчера соопштија дека болницата„Турско-палестинско пријателство“ која беше единствената болница за рак во Појасот Газа, мораше да се затвори поради израелското бомбардирање на енклавата.

616

Турција соопшти дека е подготвена да прими болни од рак од болницата „Турско-палестинско пријателство“ во Газа, која престана да работи поради недостаток на средства по бомбардирањето.
Здравствените власти вчера соопштија дека болницата, која беше единствената болница за рак во Појасот Газа, мораше да се затвори поради израелското бомбардирање на енклавата.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека доколку се направи потребната координација, Турција е подготвена да донесе пациенти со рак и други на кои им е потребна итна помош  за да продолжат со нивното лекување.

-Подготвени сме да ја дадеме сета поддршка за продолжување на лекувањето на болните од рак кои поради недостиг на средства беа насилно отпуштени од болницата. За жал, меѓународната заедница и релевантните институции не презедоа доволно иницијатива за да се спречат нападите врз болницата. Животот на пациентите сега е должност од која не може да се побегне – рече Коча.






Претходно Обединетите Арапски Емирати објавија дека планираат да лекуваат 1.000 палестински деца од Газа, без да прецизираат како тие отидат од енклавата во заливската држава.

Поврзани содржини