Турција распоредила околу 4.000 борци од Сирија во Азербејџан
Турски трупи распоредени во Сирија веќе учествуваат во воените дејствија во Нагорно-Карабах, изјави ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогајан.
– Според нашите информации, Турција распоредила околу 4.000 борци од Сирија во Азербејџан за воени дејствија против Ерменија – рече тој.
Дипломатот додаде дека е тешко да се одреди етничкиот состав на овие трупи.
Министерството за одбрана на Азербејџан од своја страна соопшти дека „борци, кои пристигнале од Сирија и други земји од Блискиот Исток“ се борат на страната на Ерменија.
– Според добиена разузнавачка информација, меѓу загубите кај непријателот има многу платеници со ерменско потекло од Сирија и различни земји од Блискиот Исток. Но со оглед на тоа што не се официјално регистрирани во Ерменија, непријателот лесно ги прикрива тие загуби – изјави полковникот Вагиф Даргахли, шеф на прес службата на Министерството за одбрана.