ТУРЦИЈА ПОГОДЕНА ОД СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС Епицентарот во реонот на Истанбул

Земјотресот е силно почувствуван во повеќе области на градот долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова.

1,920

Турција утрово беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во реонот на Истанбул.

Земјотресот е силно почувствуван во повеќе области на градот долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова.






Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во заливот Гемлик во Мраморното Море, на длабочина од 9 километри.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека нема извештаи за жртви или штети во градот, но потресот предизвикал страв и паника кај жителите и посетителите на милионскиот град.

 

Поврзани содржини